Вевчанските извори се вистинско природно богатство
Кога ќе посакате да ја избегнете градската гужва и да се одморите, ви препорачуваме да го посетите Вевчани, но и познатите Вевчански извори.
Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори. Тие се извори кои изобилуваат со смиреност и не многу голема бучава. Ова богатство од вода, најголемо е во пролетните месеци, па се до јуни-јули месец, создавајќи една прекрасна слика за врутокот и за убавината на изворот.
Во рубриката „Ти си твојот град“ денес ги имаме и Вевчанските извори.