Post Views: 146 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Дејан Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид.Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со интервенцијата.
Српската заедница во Охрид со свечен собир, молитва и сечење на славскиот колач го одбележаа празникот Св. Сава
Post Views: 245 Членовите на српското здружение „Коштана“ во Охрид денес во пригодна атмосфера на свечен собир, со молитва и сечење на славскиот колач го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Свеченоста започна со химната „Да воскликнеме со љубов на просветителот Свети Сава“.Како прв српски архиепископ, времелувач на Српската православна црква, законодавец и просветител, Св Сава е една од најзначајните личности на српската историја и духовност, истакна претседателот на здружениоето Коштана, Зоран Цветковиќ.–Бидејќи денес е Ден на Србите, сакам да ја искористам...
Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски
Post Views: 237 Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните...
11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали освоија Бреинобреин генијалците од Охрид
Post Views: 196 Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На осмиот државен АБАКУС натпревар кој се одржа на 11-ти мај во Скопје учествуваа 40 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција освоија највисоки одличја.„На натпреварот покрај нашиот центар учество зедоа уште 11 центри кои функционираат во Македонија и на истиот освоивме завидни резултати со кои можеме да се гордееме и тоа 11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали.“ – објави денеска на прес конференција Валентина Кузманоска – координатор и...
Денеска во Охрид сончево и топло
Post Views: 108 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.Под влијание на топла воздушна маса во следните денови во Македонија времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 119 Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. UV=7Во Охрид променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 16 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 26 степени.
Алтернативни поставки на Римска гробница
Post Views: 161 Виртуелната реконструкција и изработената макета на римската гробница од Видобишта се поставени и промовирани во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда на Куќата на Робевци во Охрид.Проектот e изработен од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј Охрид. Три месеци континуирано теренското документирање и кабинетска обработка на материјалот беа потребни за добивање на финалниот производ со кој се олеснува пристапот до затворените...
Oхридските лекари згрижуваат итни случаи
Post Views: 135 Матичните лекари од денес започнаа со протест на работно место. Прекинуваат со прегледи, закажување на специјастички прегледи и нема да пишуваат рецепти три дена. Управниот одбор на Здружението на приватни лекари ја донесе оваа одлука. Оставија неколку денови на здравствените власти да донесат конкретни решeнија за примарното здравство. Од здравствените власти се бара покачување на капитациониот бод, пациенти на ПЗУ, бришење на дестимулативна скала, електронско здравство, зголемување на буџети за специјалисти и лаборатории за руралните амбуланти, да не се затвораат...







