Oхридските лекари згрижуваат итни случаи
Матичните лекари од денес започнаа со протест на работно место. Прекинуваат со прегледи, закажување на специјастички прегледи и нема да пишуваат рецепти три дена. Управниот одбор на Здружението на приватни лекари ја донесе оваа одлука. Оставија неколку денови на здравствените власти да донесат конкретни решeнија за примарното здравство. Од здравствените власти се бара покачување на капитациониот бод, пациенти на ПЗУ, бришење на дестимулативна скала, електронско здравство, зголемување на буџети за специјалисти и лаборатории за руралните амбуланти, да не се затвораат ординациите на докторите кои сакаат да продолжат да работат над 64 год, ценовниците за приватни услуги да се зголемат за 100%. Кон барањата се приклучуваат и охридските матични лекари , информира д-р Љупчо Костески, претседател на здружението на матични лекари од Охрид
Од наша страна грижата кон пациентите најсовесно ќе се исполнува. Сега сите итни случаи се згрижени. Едноставно имаме разбирање. Пациентите се обезбедени со хронична терапија и нема да има проблем во овие денови. Луѓето ќе се максимално обезбедени од наша страна – информира д-р Костески.
Сите овие години ги исполнуваат своите обврски на нивен грб, а помина корона периодот и сегашните бранови, а сме без никаква поддршка од надлежните, вели Костоски. Бараме од здравствените власти да ги препознаат нашите барања.
Луѓето се на работа се однесуваат макисмално со почит. Работат со пациентите и ќе ги исполнуваат обврските. Очекуваме здравствените власти да го верифицираат тоа и да го наградат нашиот ангажман – додава д-р Костоски.
Министерот за здравство, Беким Сали, пак, минатата недела изјави дека не го поддржува протестот на матичните лекари. Според него, пациентите не смеат да трпат поради незадоволството на лекарите. Повика проблемите да се решаваат со преговори бидејќи промени не можеле да се направат за кратко време или под притисок. Матичните лекари не е прв пат да ја прекинуваат работата и да поднесуваат барања до ресорното миснистерство. Тоа го правеле во повеќе наврати во изминатиот период пред почетокот на панедмијата.