Skip to main content

Поради голем дефект делови од Охрид денеска без вода

Екипи на ЈП „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот. Санацијата ќе продолжи до целосно нормализирање на водоснабдувањето.
 |  инфодеск  | 

Поради голем дефект на водоводната мрежа, односно пукање на цевка со профил Ф500 мм, денеска од 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе локации во Охрид.

Без вода повеќе часа ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружението на возачи, како и сите споредни улици во населбите Кошишта, Воска и Далјан.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на дел од улицата „Абас Емин“ и дел од булеварот „Туристичка“.

Екипи на ЈП „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот. Санацијата ќе продолжи до целосно нормализирање на водоснабдувањето.