За Нас / ИМПРЕСУМ
За Нас
Име на медиумот: Друштво за интернет медиуми Портал ТВМ дооел Охрид
Сопственик: Ирена Арнаудова
Главен и одговорен уредник: Ирена Арнаудова
Дата на основање: 25.08 2008
Адреса: Петар Чаулев 26, 6000 Охрид
Тел:+ 389 46 231-400 Факс:+ 389 46 231-401
E-mail: portaltvm@gmail.com
Уредувачка политика:
Отвореноста на tvm.mk и Портал ТВМ за разни ставови и гледања на разни
прашања и состојби, од сите сфери на живеење и работа, е максимално остварена
со отстапување на програмата на разни консументи, здруженија, политички
партии, асоцијации, поединци и сл. Уредувачката политика на овој медиум, во
основа и единствено е определена со: независно, непристрасно, објективно и
навремено информирање. Никакви други лимити не постојат во уредувањето на
програмата и емисиите, со оглед на желбата и определеноста да овој медиум
претставува форма за презентација на богатство на ставови, мислења и програми.
Основната определба во конципирањето и емитувањето на целокупната
програма, а посебно емисиите од разни области, е таа да овој медиум биде јавен
придонес на пошироката заедница за едукација, имплементација и афирмација на
определбите за: мир, толеранција, граѓанска припадност, елиминирање на разни
социо-психолошки влијанија за расна, верска и друга дискриминација. Фактот за
опфатеноста на сите овие принципи низ програмите од разни подрачја и
специјалните емисии што се подготвуваат и емитуваат од страна на редакцијата,
доволно зборува за практично дејствување во секојдневното информирање.
Етички правила
ТВМ во своето работење се придржува до Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија и има донесено свои Етички кодекс и Насоки за етичко известување со кои се утврдуваат правила за професионално и одговорно работно однесување на вработените во ТВМ, како и професионалните стандарди и етичките начела.
Етички кодекс и Насоки за етичко известување кои вклучуваат и родово сензитивни медиумски содржини се професионални упатства наменети за уредниците/чките, новинар(к)ите и сите други креатор(к)и на содржини кои работат во ТВМ, а со цел да помогнат во развивање силен и кредибилен систем на саморегулација и да го зајакнат независното, професионално и одговорното новинарско известување.
Аудиториум/целна публика:
Публиката се состои од мултиетничко локално население на градовите
Охрид и Струга и нивната околина. Програмата е прилагодена за сите старосни и
социјални групи, поделена во адекватни програмски појаси.