Масовни пукања во САД
Нов масакр со огнено оружје во САД
Во новото масовно пукање во САД, овој пат во фабрика во Мериленд, биле застрелани и убиени неколку луѓе, јавуваат локалните медиуми.
Во новото масовно пукање во САД, овој пат во фабрика во Мериленд, биле застрелани и убиени неколку луѓе, јавуваат локалните медиуми.Пукањето се случило во фабриката Колумбија Машин, која произведува калапи и опрема.
Според канцеларијата на локалниот шериф, неколку луѓе биле застрелани околу 14.30 часот по локално време, а напаѓачот „повеќе не е закана“.Тој бил застрелан и ранет во конфликт со полицаец од државата Мериленд, а сега е во болница. Неговата состојба се уште не е позната.Канцеларијата на шерифот исто така соопшти дека има „повеќе жртви“, пренесуваат американските медиуми.