11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали освоија Бреинобреин генијалците од Охрид
Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На осмиот државен АБАКУС натпревар кој се одржа на 11-ти мај во Скопје учествуваа 40 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција освоија највисоки одличја.

„На натпреварот покрај нашиот центар учество зедоа уште 11 центри кои функционираат во Македонија и на истиот освоивме завидни резултати со кои можеме да се гордееме и тоа 11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали.“ – објави денеска на прес конференција Валентина Кузманоска – координатор и инструктор во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид.
Државниот Бреинобреин натпревар се состои од два дела, едниот наменет за ментална аритметика каде децата за три минути решваат тестови согласно нивото кое го посетуваат, а вториот дел е наменет за демо презентации. Дечињата задоволни со бројот на задачи кои ги решиле и освоените трофеи и медали.



Во вториот дел на натпреварот групата од охридскиот центар беше најдобра во мултитаскинг вештини. Демо презентациите се потешки и наменети за деца од повисоките нивоа во Бреинобреин програмата.

–Јас сум Никола Ставрески, на овај натпревар решив 16 задачи и освоив трофеј. Учествував и во демо презентацијата и таму со моите другаричиња Сара, Јован и Наум освоив уште еден трофеј.

„ Тие изведоа многуинтересна точка, една интересна ритмичка игра која е наречена body percussion, односно каде со помош на тропкање на рацете и нозете создаваат музика и притоа избравме интересна музика од Јохан Штраус, Радецки марш. Учениците кога се прикажаа со својата точка тие ритмички ја следеа музиката преку тропкање со рацете и нозете а во меѓувреме визуелизираа абакус и решаваа диктати од броеви и букви.“ – објасни Билјана Николоска – тренер.

Бреинобреин Центарот во Црвен крст Охрид е прв од овој вид во Македонија и на Балканот, постои скоро 15 години и еден од најуспешните и во државава и на меѓународно ново. Тоа се должи на трудот и упорноста на децата, посветеноста и професионалноста на тренерите Валентина Кузманоска, Билјана Николоска и Христина Кузманоска, како и поддршката од родителите.
Од Центарот досега излегле над 500 деца кои со стекнатите вештини како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење.