Skip to main content

Разбирањето на ознаките на храната-прв чекор за безбедна исхрана

Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија, заедно во заштита на здравјето на потрошувачите.

 |  Мишел Наумоски  | 
ishrana potrosuvaci
исхрана потрошувачи

Здравјето велат доаѓа преку устата. Оттука консумирањето на безбедна храна со соодветни прехрамбени својства е еден од начините за заштита на здравјето на потрошувачот. Токму ова е причината поради која Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, денес организираа еден едукативен караван во Струга. Тие на потрошувачите им делеа летоци и брошури за најлесните методи за читање и разбирање на ознаките на производите и препознавање на потенцијално небезбедните состојки во тие производи.

brosuri proizvodi„Би сакала да нагласам дека потрошувачот читајќи го означувањето на храната може да направи вистински избор на храната. Токму тоа го кажуваме во нашите едукативни материјали. Доколку има алергија, тој мора да ја бара алергената состојка во означувањето на храната. Таа е задолжителна со пропис, меѓутоа мал дел од нашите сограѓани, од нашите луѓе го знаат тоа. Понатаму има луѓе кои што се алергични, односно нивната здравствена состојба не дозволува употреба на одредени адитиви во храната иако се тие сепак дозволени. Значи граѓанинот треба да научи како да го пронајде адитивот во храната. Еден од летоците е наменет за тоа. Како се означуваат генетски модифицираните состојки доколку ги има во прехрамбениот производ.“-вели Кате Стојановска од одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од ОПМ велат дека потрошувачите најмногу податоци за храната која ја консумираат добиваат токму од ознаките кои се ставени на храната. Еве за што најчесто се жалеле граѓаните кај нив.

potrosuvaci zdrava hrana„Оние поплаки кои стигнуваат во Организацијата на потрошувачи на Македонија, се за ознаки на производи, производи со поминат рок, декларирање на еден датум, а со друг датум втиснат на производот или за едноставно неквалитетен производ и органолептички и сензорски, не се чувствува тој производ ни по боја, ни по вкус, ни по мирис, претставува производ за кој потрошувачите не би се одлучиле, но тоа дури дома го осознаваат и она што би значело ознака за килограм, литар, ознаката дури и на лебот за +, -, имавме многу повици и за тоа. Се повеќе гледаат, меѓутоа во основа како ОПМ мислиме дека сеуште има многу голем простор за едукација.“-рече м-р Маријана Лончар-Велкова-Претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Се повеќе преставки од граѓаните, стигнуваат и во Агенцијата за храна и ветеринарство. Само во 2012 година имале 195 преставки. По овие преставки постапуваат инспекциските служби на Агенцијата.

bezbedna ishrana„Веднаш по добивањето се преминува на постапување по преставката. Се доделува на надлежниот инспектор, тој веднаш оди на лице место, ја констатира состојбата. Доколку се најдени такви производи, тие веднаш се отстрануваат од промет, бизнис операторот добива санкција, а истовремено ние во Агенцијата за храна и ветеринарство го ревидираме предметот. Дали инспекторот ги искористил сите можности за постапување по предметот. Доколку сметаме дека не се искористени, се продолжува постапувањето, се укажива на инспекторот, а кога ќе завршат постапувањата, изготвуваме известување. Ако не е анонимен граѓанинот, ние веднаш го изготвуваме известувањето во кое го известуваме што е направено, како е постапено, што е најдено по неговата преставка.“-изјави Стојановска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку како дел од овој заеднички едукативен караван, Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија одржа и трибина на оваа тема, на која учество зедоа потрошувачи, производители и оператори со храна, хотелиери и угостители, училишта.

{loadposition content9}