Skip to main content

Партиципацијата на студентите намалена

Годинава студентите на државните универзитети ќе плаќаат помала партиципација. Оваа одлука позитивно прифатена од ректорската управа на Светиклиментовиот универзитет во Битола.

 |  Билајана Николовска  | 
ftu
ФТУ
FTUГодинава студентите на државните универзитети ќе плаќаат помала партиципација. Оваа одлука позитивно прифатена од ректорската управа на Светиклиментовиот универзитет во Битола.

Унифицирана сума за партиципација на сите државни факултети. Владата на Р Македонија неодамна експресно одговори на барањето на студенските парламенти, кои се залагаа за намалување на партиципацијата за студирање во државните универзитети.
„Партиципација за студентите во државната квота изнесува 200 евра, самофинансирењето е со двојна сума односно 400 евра, додека за оние што ќе студираат на дисперзираните студии во редовната квота ќе плаќаат по 100 евра“, вели лицето за односи со јавноста на Светиклиментовиот универзитет во Битола, Атанасоска Елизабета. Таа додава дека оваа иницијатива е добредојдена, и смета дека со ова на студентите им се нуди можност и подобрување на условите за запишување и за завршување на студиските програми.
Ваквиот став е официјален и важи и за факултетот за Туризам и угостителство од Охрид вели Јованка Биљаноска деканот на овој факултет.
Министерството за образование сеуште без конкретен одговор дали државата ќе ги покрие трошоците на факултетите. Заради ова загрижен е Ректорот на „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски кој во дел од своите изјави дадени за медиумите потенцира  „државните универзитети во Европа ги покриваат трошоците за студирање на студентите, за разлика од кај нас кај што овие трошоци не се покриени, односно студентите партиципираат во дел на трошоците“.
Овој проблем сеуште се анализира од страна на министерството за образование. Додека трае анализата битолскиот универзитет има одредени пораки кои  му ги има понудено на министерството со предлог конкурс, за покривање на студенските трошоци. Според Атанасоска тие се реални, остварливи и се во рамките на покривање на техничко – кадровските услови кои постојат на универзитетот.

{loadposition content9}