Skip to main content

Саркастични коментари наместо информации за работата на Филипче

На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 05.07.2020 е објавен новинарски текст со наслов „Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона“.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува: Билјана Т. Димко

На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 05.07.2020 е објавен новинарски текст со наслов „Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона“.

Овој текст има еднострана функција да му забележи на министерот за здравство Венко Филипче дека откако почна предизборниот период тој е постојано политички активен, не ги држи пресовите на кои навикнала новинарката, па се користи формулата „Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат каде е министерот?“:

Гледам нешто ми фали деновиве на кое се навикнав да го слушам секојдневно, а тоа да ти бил министерот Венко Филипче со неговите спектакуларни пресови дека состојбата со корона епидемијата е под контрола! И се чудам каде е министерот?

Напротив, детали за тековните и секојдневните активности на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче можат да се проследат на социјалните мрежи, преку кои и понатаму се објавуваат дневни извештаи за состојбата со Ковид 19 во нашата земја, заедно со препораките против ширење на пандемијата.

Овој ироничен коментар ништо не открива/информира, туку само неумешно ја провоцира јавноста.

Текстот завршува со отворено прашање:

Зошто Филипче е пофокусиран на изборна кампања во битка за власт, наместо во битката за справување со Ковид 19?

Соодветно би било доколку имаше изјава од министерот Филипче. Вака на јавноста и се пласира невистина, а не информација.

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.