Skip to main content

Лажна вест е дека Фатиме Фетаи е позитивна на коронавирус!

Рецензираме текст со наслов „Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува Ване Трајков

Рецензираме текст со наслов „Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.

Освен тоа, непроверената информација се доведува во корелација и со ,,криминалното правосудство на Зоран Заев кое ја крие ова работа’’ и покрај тоа што правосудството не може да биде на ниеден начин повикано на одговорност за следење на здравствена состојба на одредено физичко лице.

,,Љубовниот пар Фатиме Фетаи и Гаврил Бувевски се позитивни на Корона виурсот. Криминалното правосудство на Зоран Заев ја крие оваа работа’’ стои во информацијата што се пласира за која само констатира без да има потврда ниту било каков извор.

Текстот се потпира на статус на Миленко Неделковски објавен на неговиот Фејсбук профил а постот е претворен во ,,вест” на информативен портал без да биде поткрепен. Паралалено се навлегува и во личниот живот на споменатите личности без за тоа да се има основан јавен интерес.

Вистиномер ја контактираше обвинителката Фатиме Фетаи која кажа дека не била позитивна но била во изолација и дека не и е првпат да биде на тапет без да биде побаран став од неа за проблематиката за која што се пишува.

,,Не е точно дека јас сум позитивна на коронавирус. Со оглед дека бев на судења за случајот ,,Монструм’’ минатата недела со колегата кој излезе позитивен, согласно препораките и правилата јас сум во изолација. Од споменатиот портал ниту сум контактирана ниту прашана за тоа што го пишуваат. За се друго што споменуваат во истата статија, исто така не е точно и не гледам причина да реагирам оти не е првпат да сум ставена на тапет”, ни изјави обвинителката Фетаи.

Со вака пласираната информација прекршен е членот 1 од Кодексот на новинари каде јасно е наведено дека новинарот треба да објавува точни и проверени информации. Паралелно е прекршен и и членот 7 каде што новинарот треба да ја почитува приватноста на личноста. Имајки во предвид дека е време на пандемија, авторот не го испочитувал ниту членот 8 кога треба да се избегнува сензационализам.

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.