Skip to main content

Кандидат за премиер, претставен како ,,премиер”

Написот со провоцирачки наслов Албанскиот премиер му оддава почит на Имер Имери и Борис Трајковски (ФОТО), е објавен на информативниот портал ТетоваСот на 28 јуни 2020 година. За време на предизборната кампања ова вест со тенденциозен наслов е објавена во рубриката „Вести од земјата“.

 |  vistinomer.mk  | 

Пишува: Шефкије Аласани

Написот со провоцирачки наслов Албанскиот премиер му оддава почит на Имер Имери и Борис Трајковски (ФОТО), е објавен на информативниот портал ТетоваСот на 28 јуни 2020 година. За време на предизборната кампања ова вест со тенденциозен наслов е објавена во рубриката „Вести од земјата“.

Насловот е и доста конфузен и не разјаснува на кој „албански премиер“ се однесува написот. Собранието на Република Северна Македонија се распушти на 16 февруари поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, но истите се одложија како последица на кризата со корона вирусот. Веќе неколку месеци земјата ја води техничка Влада на чело со Оливер Спасовски.

Ако во насловот е направена некоја техничка грешка, тогаш според член 3 од Етичкиот Кодекс на новинарите:

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

Непрофесонална е и содржината на написот. Сликите и содржината се преземени од Фејсбук профилот на кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, и се пласирани како вест.

Денес бев во посета на местата на вечен одмор на поранешниот претседател Борис Трајковски, како и на поранешниот претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери. Два историски соработници кои влијаат врз изградбата на денешното мултиетничко општество. Имаме посебна чест и почит кон луѓето кои дадоа голем придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјата, кои оставија големо наследство преточено во Рамковениот Охридски договор, кој веќе стана дел од преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како еден од главните столбови на кои е изградена земјата – напишал Зибери на неговиот профил на Фејсбук.

Правилното и точното известување има голема важност, посебно за време ма предизборната кампања. Важно е новинарите да произведуваат медиумски производи според професионалните стандарди и да не го замараат читателот со непотребни информации. Ова го препорачува и Етичкиот кодекс на новинарите:

Вестите во рубриката „Лажни вести избори 2020“ во целост се преземени од сајтот vistinomer.mk, за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.

Авторските права се отстапени за потребите на пректот „Против дезинформации за поголема излезност на изборите“.