Skip to main content

Гурмански викенд со пиво

Под покровителство на Град Скопје од денеска до 21 септември на скопското Кале прв пат ќе се одржи фестивалот „Пиволенд“ – Гурмански викенд со пиво.

Под покровителство на Град Скопје од денеска до 21 септември на скопското Кале прв пат ќе се одржи фестивалот „Пиволенд“ – Гурмански викенд со пиво.

Официјалното отворање на манифестацијата е закажано за 18 часот, а влезот за сите граѓани е бесплатен. Според програмата, почетокот на настанот треба да го означи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Предвидено е учество на 50-тина ресторани од Македонија кои ќе нудат македонска храна, но и кинеска кујна, лесковачки роштиљ, вегетаријанска храна, а пред се пиво.
Сите фестивалски денови ќе бидат исполнети и со настап на музички групи од Македонија и регионот. Манифестацијата е поддржана од Литиум Рекордс, One Way и Пивара Скопје.