Skip to main content

Сакаме во НАТО, ама не по цена на името

Влезот на Македонија во НАТО го поддржуваат 85,2  отсто од македонските граѓани, покажува телефонската анкета што ја спровел Институтот за демократија во соработка со Министерството за надворешни работи во периодот од 7 до 10-ти септември годинава.

Влезот на Македонија во НАТО го поддржуваат 85,2  отсто од македонските граѓани, покажува телефонската анкета што ја спровел Институтот за демократија во соработка со Министерството за надворешни работи во периодот од 7 до 10-ти септември годинава.

На евентуален референдум, против членството на Македонија во НАТО би се изјасниле 6,1 отсто од граѓаните.
Сепак, и покрај големата поддршка за влезот на Македонија во НАТО најголем дел од испитаниците, дури 69,9 проценти, се изјасниле дека не се за промена на името за сметка на македонското членство во Алијансата. Околу 23 проценти се изјасниле дека Македонија треба да го промени името за да влезе во НАТО, а 7,6 проценти не дале одговор на ова прашање.

Со анкетата биле опфатени вкупно 1.113 испитаници. Од нив 539 биле мажи, а 574 жени. Според етничката структура, најголем дел од испитаниците се Македонци односно 72 проценти, а втори по бројност етничките Албанци 23,4 проценти.

На прашањето на што најпозитивно би влијаел влезот на Македонија во НАТО најголем дел од испитаниците или 19,2 проценти одговориле дека со тоа би се зајакнала стабилноста на земјата, 16,1 процент сметаат дека би се развила економијата, а 15,4 проценти немале одговор на прашањето.
Околу 45 проценти од анкетираните граѓани не го промениле односот кон НАТО по Самитот во Букурешт, 12,8 го промениле кон лошо, а 21,3 кон добро.

На прашањето која земја е најголем поддржувач на Република Македонија за влез во НАТО, 61,4 отсто од испитаниците одговориле дека тоа се САД, 22,3 проценти немале одговор, 8,4 отсто сметаат дека најголем поддржувач е Словенија, а 4,8 проценти дека тоа е Турција

evropska unija znaminjaРешавање на  спорот за името со Грција, но по неколку години, очекуваат 29 проценти од македонските граѓани, а 23 отсто сметаат дека нема никогаш да се реши, покажуваат резултатите од телефонската анкета што за списанието „Форум“ ја изработила агенцијата „Рејтинг“ од Скопје. 
Анкетата била спроведена во периодот од 12 до 14 септември и во неа биле опфатени 1.080 граѓани. 

 

„Рејтинг“ потсетува на резултатите од истражувањето пред Самитот на НАТО во Букурешт кога дури 75 отсто од граѓаните очекуваа дека ќе се најде решение за името и оти Македонија ќе добие покана за НАТО.

За над две третини од граѓаните на Македонија, според најновата анкета, не е прифатливо името „Република Северна Македонија“. Во март годинава само 44 отсто од граѓаните сметале дека не е прифатливо ниту едно од имињата што тогаш се споменуваа: „Република Македонија – Скопје“, „Нова Република Македонија“ или „Република Горна Македонија“.
Дека Владата нема вина за застојот во решавањето на спорот за името со Грција, сметаат 46 отсто од анкетираните.

За 43 проценти Македонија се движи во правилна насока, а околу две третини имаат доверба во премиерот Никола Груевски. Довербата во претседателот Бранко Црвенковски е двојно пониска отколку на премиерот. Анкетата покажува дека секој трет граѓанин на Македонија се согласува со критиките на претседателот Бранко Црвенковски кон Владата.
За разлика од Македонците кои сметаат дека Македонија се движи во правилна насока, 45 отсто од Албанците оценуваат оти државата оди во погрешен правец. За најголем број од Албанците во Македонија, односно за 53 отсто, е  прифатливо името „Северна Македонија“, а за 62 проценти за застојот во решавањето на спорот со името одговорност сноси македонската Влада.