Skip to main content

ЕК со пофалби и забелешки за Македонија

Најголеми забелешки на Европската Унија за напредокот на Македонија во нејзините обиди да се зачлени во Унијата се политичкиот дијалогот и функционирањето на Парламентот.

Eu Makedonija
Eu Makedonija
Најголеми забелешки на Европската Унија за напредокот на Македонија во нејзините обиди да се зачлени во Унијата се политичкиот дијалогот и функционирањето на Парламентот.

Ова е соопштено по средбата на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Македонија со Европската Унија, што е највисоко тело за соработка меѓу двете страни.

Напредок

Според Комитетот, Македонија напредува во усогласувањето со европското законодавство, реформите во полицијата, царината, правосудството, како и кон исполнувањетио на условите за визна лидберализација.

Сепак, како црна дамка остануваат изборните нерегуларности за кои Мирел истакна дека следната година, кога има 2 изборни циклуса, не смеат да се повторат, не во земја кандидат или земја која претендира да стане членка на Унијата.

„Парламентот повторно беше бојкотиран па парламентот по итна постапка донесе голем број закони и покрај нивната важноста”, истакна Мирел.

Тој рече дека критиката се однесува и на Законот за јазиците, иако го поздрави неговото донесување.

Evropsko znameСпоред Радмила Шекеринска од опозициската СДСМ, забелешките околу политичкиот дел можат да се надминат за неколку недели.

„Доволни ќе бидат да се направат две работи – власта да седне со партиите од опозицијата и да договори измени на деловникот како што бараше ЕК. Вториот чекор кој власта мора да го направи е да организира било какво обраќање на Претседателот во Собранието на кое за прв пат ќе се појават сите министри, цела влада и целата парламентарна група на ВМРО ДПМНЕ со што ќе се покаже дека во Мамедонија институциите меѓусебно се почитуваат.”

И Ермира Мехмети од владеачката Демократска Унија за Интеграција смета дека е можно надминувањето на недостатоите.

„Ние сме убедени дека во периодот до истекот на рокот ќе бидат исполнети и останатите критериуми.”

Бојкот

Демократската партија на Албанците, која се уште го бојкотира парламентот, останува на ставот дека ќе се врати во него кога ќе се дускутира за прашања битни за етничките Албанци во државата.

Исполнувањето на барањата од Спогодбата за стабилизација и асоцијација се дел и од осумтте услови кои ЕК и’ ги испорача на Македонија минаата пролет.

Македонските власти сметаат дека процесот на стабилизација е исполнет и дека може да се прејде на фтората фаза – асоцијацијата.