Skip to main content

Новиот амбасадор на САД Филип Рикер ќе ги предаде акредитивните писма

Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски.
Filip Riker
Filip Riker
Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски.

Рикер е петти американски амбасадор во Македонија, кој тука работеше од 1997 до 1999 година како раководител на Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, кога беше и портпарол на тогашниот амбасадор Кристофер Хил.
Кога дојде во четвртокот, Рикер за медиумите изјави дека е задоволен што ќе има можност да биде со старите пријатели и да запознае нови за време на својата работа во Амбасадата.

kameni mostЗа амбасадорскиот мандат беше номиниран во март годинава, а во август Сенатот го одобри неговото назначување. На новата функција доаѓа од местото советник на амбасадорот за односи со јавност во Американската амбасада во Ирак, на кое беше од јуни 2007 до јуни 2008 година.
Од 1999 до 2000 година Рикер беше директор за односи со медиумите во Стејт департментот. Роден е во Пенсилванија, САД, дипломирал на Јеил во 1986 година, а во 1991-ва магистрирал на школата за меѓународна администрација „Тандербирд“. Добитник е на престижната американска награда „Едвард Мароу“ за врвни достигнувања во јавната дипломатија. Оженет е со Солве Џонсон Рикер која, исто така, е дел од администрацијата на Стејт департментот.