Skip to main content

Британски инвеститори заинтересирани за Македонија

Британската бизнис групација (ББГ) во Македонија денеска ги поздрави законските измени кои и на странските државјани им овозможуваат да купуваат земјиште и друг недвижен имот во државата.

britanski investitori

Претседателот на ББГ Реј Пауер истакнувајќи дека овие измени ќе го зголемат бројот на инвеститори во Македонија, посочи дека тие меѓу другото, се резултат и на лобирање на нивната групација.
 
britanski pogonПретставникот на инвестиционата банка од Лондон Колин Колино, кој присуствуваше на денешната редовна седница на ББГ, оцени дека „во овие турболентни времиња британските инвеститори се одлучуваат да инвестираат во земји во развој каде што спаѓа и Македонија.
 
Колино информираше дека британските инвеститори се сериозно заинтересирани за влез во Македонија во лесната индустрија и во недвижностите.