Skip to main content

Црвенковски во посета на Брисел

Претседателот Бранко Црвенковски од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Branko Crvenkoski
Branko Crvenkoski
Претседателот Бранко Црвенковски од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел.

За време на посетата, претседателот Црвенковски ќе оствари средби со белгискиот премиер, Ив Летерм, комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оли Рен, како и со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана.

Branko CrvenkoskiПредвидено е Црвенковски за време на престојот во Брисел да се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер.