Skip to main content

Нимиц ќе истапи со конкретен чекор

Василакис против двојната формула, Димитров очекува „конкретен чекор“ од Нимиц.

Metju Nimic
Metju Nimic
Посредникот во македонско-грчките преговори за разликите околу името Метју Нимиц во својата адвокатска канцеларија во Њујорк доцна синоќа по македонско време одржа одвоени средби со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, а потоа и со македонскиот Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер.

На новинарско прашање дали е задоволен од разговорите со Нимиц, Василакис по едночасовната средба изјави дека се уште е рано за конкретни оценки, како и дека не очекува ништо ново од денешната заедничка средба.  На посредникот Нимиц му најавил дека ако другата страна инсистира на двојната формула, евентуалниот нов предлог ќе биде мртов.  

New YorkДимитров очекува Нимиц денеска да направи „конкретен чекор“. – Од наша страна беше направено се да се зајакнат македонските позиции во овој процес и да се заштитат интересите на државата и на нацијата.  Во рамки на овој контекст и на она што е можно, беше направено се.  Очекуваме в среда да има кратка заедничка средба и најверојатно ќе има извесен конкретен чекор од страна на посредникот Нимиц, рече Димитров по одвоената средба со претставникот на ОН задолжен за преговорите.  
За денска во Њујорк е најавена и заедничка прес-конференција на Нимиц со претставниците на двете земји.