Skip to main content

Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија

Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија за прекугранична соработка во рамки на програмата ИПА, денеска ќе потпишат македонскиот вицепремиер, Ивица Боцевски и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.

Ervan Fuere

Според најавите, на церемонијата на потпишувањето ќе присуствуват и бугарскиот заменик-министер за европски прашања, Искра Михајлова и македонскиот министер за локална самоуправа, Муса Џафери.

Ivica BocevskiПотпишување на договорот претставува почеток на имплементацијата на Оперативната програма преку распишување на повици за проектни предлози преку кои на успешните апликанти ќе им се доделуваат грантови за поддршка на активности во области како: подобрување на животниот стандард, намалување на невработеноста, придонес кон локалните стопанства и стимулации на инвестиции во инфраструктурата.

Вкупниот износ на помошта од ИПА за оваа програма изнесува 6.5 милиони евра.

Пред потпишувањето на Финансиската спогодба, вицепремиерот Боцевски ќе оствари средба со заменик-министерот Михајлова во Крива Паланка.