Skip to main content

Една година без Тоше

Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески.


Tose Proeski
Tose Proeski

Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески.

Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца.

Tose ProeskiСпоред православните верски обичаи и желбата на семејството Проески, претпладнево на Гумење во Крушево пред вечниот дом на Тоше ќе биде одбележан помен за неговото прерано заминување.

Денешниот настан го одбележува и маратонот, што со пораката „Те сакаме сите“.од Нова Градишка до Крушево ќе го истрчаат 26 маратонци, како симбол на 26-те години колку што имаше Тоше.