Skip to main content

Во Охрид состанок на првите луѓе на полициите на земјите од регионот

Првите луѓе на полициите на земјите од регионот денеска во Охрид ќе го започнат  тридневниот работен состанок.

Ljupco Todorovski
Ljupco Todorovski
Првите луѓе на полициите на земјите од регионот денеска во Охрид ќе го започнат  тридневниот работен состанок чија цел е продлабочување на меѓународната соработка во справувањето со недозволената трговија со дрога и со луѓе, како и за размената на информации и искуства во борбата против тероризмот.

Gordana JankuloskaНа регионалниот состанок чиј домаќин е македонското МВР, односно директорот на Бирото за јавна безбедност, генерал Љупчо Тодоровски, поканети се директорите на полициите на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија.

Како што информира МВР, Тодоровски на собирот ќе предложи полицискиот центар за обука во Идризово да им биде ставен на располагање и на останатите полиции во регионот со што би прераснел во регионален центар.