Skip to main content

Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба

Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

makedonsko zname
makedonsko zname
Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод на пладне, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе биде доделена дражавната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

Наградата за остварување во областа на науката ќе им биде врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски – историчар, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста на писателот-академик Ташко Георгиевски, на актерот Петар Темелковски и на ликовниот уметник Милош Коџоман (втори).

Sv. Jovan KaneoВечер во Македонската опера и балет ќе се одржи Свечена академија на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.
Според програмата, по обраќањето на премиерот Груевски, присутните на академијата ќе ја разгледаат изложбената поставка по повод Денот на македонската револуционерна борба во фоајето на МОБ.

Македонија годинава по втор пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава.