Skip to main content

Државниот врв ќе гради став за предлозите на Нимиц

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба повторно ќе го разгледуваат последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името.

Branko Crvenkoski

Branko Crvenkoski Antonio MilososkiОва е втора координативна средба на државниот врв за името во изминатите десетина дена. На претходната, одржана на 16 октомври, претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и специјалниот пратеник за името Никола Димитров, како што беше соопштено по средбата, направија анализа на пакетот идеи на Нимиц презентиран во Њујорк на 8-ми овој месец, но не го дефинираа одговорот на Република Македонија туку оставија време за дополнителни консултации.

И Црвенковски и Груевски во првичните реакции кажаа дека без сериозни измени предлозите на медијаторот не се добра основа за доаѓање до најсоодветно решение. Македонија, како што нагласија, е подготвена на фер компромис, но не по секоја цена и со диктат и омаловажување.

Во Скопје предлогот на Нимиц се оценува како прогрчки и неповолен за Македонија.