Skip to main content

НАТО тим ќе ги оценува воените активностите во Криволак

Во рамки на вежбовните активности на „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, утринава во селото Криволак, ќе се изведе вежба на која ќе биде прикажано  практично справување со уфрлени терористички групи во урбана средина.

Krivolak vezba
Krivolak vezba
Во рамки на вежбовните активности на „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, утринава во селото Криволак, ќе се изведе вежба на која ќе биде прикажано  практично справување со уфрлени терористички групи во урбана средина.

Како што соопшти прес – службата на армиската вежба, активностите на пазарот во сeло Криволак ќе ги изведуваат припадниците на декларираниот среден пешадиски баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (мпбр.) и четата на Воената полиција.

Согласно сценариото за решавање на „инцидентот“, учесниците на вежбата ќе треба да спречат недозволени активности предизвикани од терористи лоцирани на пазарот, во пазарен ден во присуство на локалното население.

Krivolak vezbaПрипадниците на АРМ ќе треба практично да ги применат стандардните оперативни процедури на НАТО, пропишани за вакви ситуации при што ќе бидат оценувани од страна на НАТО тимот за оценување НИВО-1.
По вежбовните активности на пазарот, ќе следат активности на влезот на армискиот полигон „Криволак“, каде ќе бидат прикажани вежби за „справување со толпа”, а потоа и „ескортирање на ВИП“ и „ескортирање на хуманитарна помош-конвој“, што ќе се изведат во кампот „Стрела-1“ на полигонот и во Центарот за обука „Пепелиште“.

Со изведувањето на овие сложени делови од вежбата „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, припадниците на АРМ се очекува да демонстрираат висок степен на обученост, како и примена на искуствата и научените лекции од досегашното учество во мировните мисии во странство.