Skip to main content

Шефот на македонската дипломатија Милошоски во посета на Украина

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во рамки на официјалната посета на Украина, денеска во Киев ќе се сретне со шефот на украинската дипломатија Вoлoдимир Огризко.

Antonio Milisoski
Antonio Milosoki
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во рамки на официјалната посета на Украина, денеска во Киев ќе се сретне со шефот на украинската дипломатија Вoлoдимир Огризко.

Милошоски и Огризко ќе потпишат Програма за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.
Шефот на македонската дипломатија ќе биде примен и од претседателот на Украина Виктор Јушченко и од претседателот на Врховната Рада Арсениј Јацењук.

KievСе очекува на официјалните разговори да стане збор за можностите за натамошен развој на односите меѓу двете земји и за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, како и за најактуелните меѓународни настани и прашања. Во тој контекст, ќе стане збор и за аспирациите на двете земји за интегрирање во евро-атлантските структури.
Предвидено е шефот на македонската дипломатија на Михајливскиот плоштад да положи цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од Поморот од глад во Украина 1932-33 година.

Министерот Милошоски синоќа имаше обраќање пред студентите на Киевскиот славистички универзитет, каде што им врачи дипломи на студентите кои напишале најдобри реферати за Република Македонија.
По повод посетата на министерот Антонио Милошоски на Украина, синоќа во Амбасадата на Република Македонија во Киев беше приреден прием и концерт на студентите на Националниот универзитет за физичко воспитување на Украина посветен на македонската музичка икона Тоше насловен „Украина го помни Тоше Проески“.

 

{loadposition content9}