Skip to main content

Јанкулоска на министерски состанок во Молдавија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).

Gordana Jankulovska

На состанокот што ќе се одржи во главниот град на Молдавија, Кишинау, главни теми ќе бидат од областа на незаконското користење на личните податоци и од областа на компјутерскиот криминал.

Gordana JankulovskaМинистрите за внатрешни работи од процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе потпишат и заедничка декларација за соработка во насока на целосна имплементација на Конвенцијата на ОН за борба против транснационалниот организиран криминал, Конвенцијата на Советот на Европа за компјутерски криминал и Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа.

Инаку, министерката Јанкулоска заедно со својот молдавски колега ќе го потпишат и договорот за реадмисија меѓу Република Македонија и Република Молдавија.

{loadposition content9}