Skip to main content

ЕВН со акција за легализирање на „дивите“ корисници

Акција за легализирање на нелегалните приклучоци во електроенергетската мрежа воведува од денеска ЕВН Македонија.

nema struja
нема струја
Акција за легализирање на нелегалните приклучоци во електроенергетската мрежа воведува од денеска ЕВН Македонија.

Со ова им се дава шанса на сите кои се нелегално приклучени на мрежата, или поради било кој начин имаат проблем со броилото да се пријават во еден од корисничките центри на компанијата.

Поради нелегалните приклучување големи штети трпи ЕВН, но и останатите граѓани, бидејќи се губи во квалитетот и се нарушува стабилноста на дистрибутивната мрежа, велат претставници на компанијата.

Тие на вчерашниот брифинг информираа дека субјектите кои доброволно ќе се пријават ќе добијат извесни повластувања, во однос на лицата кои ќе бидат откриени.

Доброволно пријавените нема да бидат исклучувани од дистрибутивната мрежа, потрошената струја ќе им биде пресметана согласно состојбата на струјомерот, а против нив нема да се поведе правна постапка

MepsoЗа разлика од нив, случаите кои ќе бидат откриени од самата компанија, ќе бидат исклучени од мрежата, ќе бидат правно гонети и ќе им се пресмета потрошената струја, согласно посебна методологија, според која во зависност од случајот ќе треба да платат помеѓу 300 илјади и 1,8 милиони денари.

Од ЕВН апелираат и очекуваат сите нелегални корисници веднаш да се пријават.

Паралелно со акцијата, специјално обучени екипи на ЕВН ќе вршат зајакнати контроли за откривање на нелегалните корисници.

Во ЕВН немаат прецизна информација колку нелегални корисници се приклучени во мрежата, ниту колкави загуби тие предизвикуваат.

Легалните корисници на услугите на дистрибутерот за електрична енергија во Македонија изнесуваат околу 720 илјади.

 

{loadposition content9}