Skip to main content

Во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал

Од 20 до 23 ноември, во киното Вилиџ Ист во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал, во орагнизација на Македонскиот филмски фонд (МФФ) во соработка со Меѓународниот филмски круг.

Јас сум од Титов Велес
Jas sum od Titov Veles
Од 20 до 23 ноември, во киното Вилиџ Ист во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал, во орагнизација на Македонскиот филмски фонд (МФФ) во соработка со Меѓународниот филмски круг.

Целта на Македонскиот филмски фестивал, како што соопшти МФФ, е да презентира дел од најдобрите филмски остварувања од Македонија. Некои од режисерите на десетте филма кои ќе се прикажуваат на Македонскиот филмски фестивал ќе присуствуваат и на нивните јавни проекции.

BrodvejНа отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска. Во наредните денови ќе бидат прикажани „Пред дождот“ и „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Контакт“ на Сергеј Станојковски, „Големата вода“ на Иво Трајков, Бал-Кан-Кан на Дарко Митревски, „Црно семе“ на Кирил Ценевски,  „Дае“ на Столе Попов, „Превртено“ на Игор Иванов и „Илузија“ на Светозар Ристовски. На затворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Пред дождот“ на Манчевски.

Македонскиот филмски фонд е основан во 2006 година со цел да обезбеди сеопфатно финансирање на македонската филмска индустрија во нејзините културни и економски аспекти, како и за понатамошно развивање на традицијата на македонската кинематографија. Основан од страна на македонската Влада, Филмскиот фонд е правно лице согласно Законот за филмски фонд, а почна со работа во 2008 година.

 

{loadposition content9}