Skip to main content

Претседателот на Европскиот Совет доаѓа во Скопје

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Северна Македонија.

 |   | 

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Северна Македонија.

Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.