Skip to main content

НЕМА ПОВЕЌЕ СМЕТКОПОТВРДИ КАКО ПРОПРАТЕН ДОКУМЕНТ НА ФИСКАЛНАТА СМЕТКА ЗА ПРАВДАЊЕ ТРОШОЦИ

Со измените кои се предложени кај законот за ДДВ се укинува сметкопотврдата како пропратен документ на фискалната сметка за правдање на трошоци до износ од 6.000 денари. Со оваа измена, ДДВ обврзник, за да искористи право на поврат на влезен ДДВ, или „право на ДДВ по одбивка“ за промет до 6.000 денари, не треба да поседува сметкопотврда. Доволно е да поднесе само фискална сметка на која стои и производот и сумата потрошена за истиот.

 |   | 

Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција со преставници на сметководствениот сектор.

-Во многу развиени земји, па и во регионот овој документ е укинат и не се користи. Светот брзо се менува, зборуваме за електронско смертководство во развиените земји, зборуваме за безхартиена околина и мораме и ние и нашата администрација да го следи тоа за да можеме да го олеснуваме се повеќе и повеќе работењето на компаниите и да го подобруваме деловното окружување. Ова е само еден мал дел од мозаикот во промени и олеснувања на подобрување на деловното окружување и на намалување на административниот товар, и од страна на компаниите и за ослободување на ресури на даночната администрација. Како што знаете приоритет ни е борбара против сивата економија, а на овој начин, администрацијата ќе се користи таму каде што ќе биде попотребна. – рече Ангеловска.

Таа посочи дека оваа мерка е и во насока на заштита на животната околина, ако се земе во предвид дека со помала потрошувачка на хартија ќе се влијае на намалување на сеча на дрвјата.

Сметководителите ја поздравија иницијативата на Министерството за финансии за намалување на административниот товар и за поедноставување на постапката.

Укинувањето на сметкопотврдата не претставува избегнување на обврската за докажување на прометот. Инаку со измените на Законот за ДДВ се подига и прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари.