Skip to main content

Се враќаат платнените торби, со новиот закон, по нова година, пластичните кеси ќе чинат 10 ден?

Платнените торби се враќаат повторно при пазарување, а со цел да се дестимулира користењето на пластичните кеси, нивната цена по Нова година ќе изнесува најмалку 10 денари.

 |   | 

Платнените торби се враќаат повторно при пазарување, а со цел да се дестимулира користењето на пластичните кеси, нивната цена по Нова година ќе изнесува најмалку 10 денари. До 2021 година ќе нема бесплатни пластични кеси во маркетите. Ова го предвидуваат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени пред распуштање на парламентот.

Од Асоцијацијата за управување со посебни текови за отпад сметаат дека ваквата новина е добра бидејќи значително ќе се намали користењето пластични кеси, а со тоа ќе се влијае на заштитата на животната средина. Според податокот со кој тие располагаат, македонските граѓани годишно користат од 120 до 150 милиони кеси и со оваа мерка тој број би се намалил најмалку за половина уште во првата година од стапувањето во сила на оваа одредба.

Според податоците на Асоцијацијата, во моментов 95 проценти од домашниот смет, граѓаните го одлагаат во кеси од маркети или од пазар кои ги добиваат бесплатно или за нив плаќаат по денар или два.

„Пластичните кеси генерално во маса не учествуваат многу во вкупната пластика што се пушта на пазарот. Од 120 илјади тони отпад од пакување, пластичните кеси учествуваат со два до три проценти во маса, но како волумен и како видлив загадувач се најприсутни“, вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад.

Со оваа мерка ќе се намали бројот на вакви загадувачи, со тоа што отпадот ќе е селектира во посебни кеси.

Владата, претседателот на државата, Уставниот суд и другите државни органи, за кои е надлежна Службата за општи и заеднички работи, од 1 јануари 2020 година нема да набавуваат вода и пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања со шеќер, пластични лажички за кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

Асоцијацијата за управување со отпад бара доследно спроведување на законите и имплементација на забелешките од бизнис заедницата.