Skip to main content

134 нови случаи на ковид-19, Охрид денес го нема на листата градови со нови случаи

Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19.

 |   | 

Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19.

-Скопје 97

-Куманово 5

-Прилеп 1

-Тетово 11

-Струга 3

-Велес 1

-Битола 1

-Кавадарци 1

-Крушево 2

-Валандово 1

-Кратово 1

-Кичево 2

-Ресен 7

-Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:

-Скопје 6

-Куманово 23

-Прилеп 2

-Тетово 1

-Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.