Skip to main content

Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот

Срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично реши да ги донира органите, од утрово почна да чука во градите на пациент кој со години боледува од тешка кардиоваскуларна болест.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.

Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем, напиша Филипче на Фејсбук.

Министерот најавува повеќе детали во текот на денот.