Skip to main content

Германија ја тргна Македонија од листата ризични земји

Државниот германски институт „Роберт Кох“ вчера ја обнови листата ризични на земји и региони за патување поради состојбата со ковид-19 и според новите податоци, Македонија повеќе не се смета за ризична држава.

 |   | 

Покрај Македонија, повеќето земји од регионот кои се наоѓаа на листата, сега се тргнати: Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Германскиот институт повеќе не ги смета за ризични и: САД, Украина, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Молдавија, Либија, Кипар, Канада, Азербејџан и Австрија Ерменија.

Во групата високоризични, пак, се сметаат: Малезија, Монголија, Намибија и Шри Ланка.

Со мал ризик, Германија ги смета: Грузија, Мексико, Португалија, Шпанија и Катар.