Skip to main content

Српските туристи добија М-карта: Од денес бесплатно транзитираат низ земјава

Српските државјани кои од денеска низ Македонија транзитираат кон Грција од Граничниот премин Табановце добиваат М-смарт картички за бесплатни патарини. Согласно одлуката, Србите -картички со кредит од 760 денари ќе добиваат до 15 август.

 |   | 

-Овие МСмарт картици се исклучиво за српски државјани со српски таблици кои влегуваат на територија на нашата држава и исклучиво транзитираат низ нашата држава и одат за Република Грција. Служи за едно одење и враќање до Република Грција и назад, вели раководителката на смена на ГП Табановце, Снеже Митева.

Србите секако задоволни од оваа поволност. Сепак, дел сметаат дека нема потреба Македонија да се оддолжува за донираните вакцини.

-Српските државјани кои од денеска, па се до 15 август ќе добијат МСмарт картички ќе можат да ги чуваат и за следната сезона, но секако, доколку самите ги наполнат со пари.

Одлуката на Владата дојде откако Србија прва донираше вакцини, во период кога немавме ниту една. Освен тоа, во пунктовите во Врање, Ниш и Белград се вакцинираа околу 15.000 македонски државјани.

Досега изработени се околу 65.000 картички. Планот е до крајот на оваа мерка на располагање да има вкупно 200.000.