Skip to main content

392 новозаразени, 17 починати лица од Ковид-19 во земјава

Во текот на последните 24 часа се направени 4.633 тестирања, при што се регистрирани 392 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 
Ковид 19

Во текот на последните 24 часа се направени 4.633 тестирања, при што се регистрирани 392 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 180
• Куманово 32
• Кавадарци 20
• Битола 18
• Кочани 17
• Прилеп и Велес по 16
• Кичево 14
• Тетово, Охрид и Штип по 11
• Гевгелија и Крива Паланка по 7
• Кратово 6
• Радовиш и Валандово по 4
• Ресен и Пробиштип по 3
• Гостивар, Струмица, Делчево и Виница по 2
• Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (98, 82, 79, 79, 79, 74, 69 и 69 години), 2 починати лица од Кочани (89 и 82 години) и по едно починато лице од Гостивар (80 години), Тетово (46 години), Велес (78 години), Радовиш (68 години), Штип (66 години), Битола (86 години) и Валандово (85 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од:

• Скопје 195
• Тетово 16
• Велес и Струмица по 14
• Кавадарци и Радовиш по 11
• Кочани и Прилеп по 9
• Кичево 8
• Гостивар 7
• Штип и Свети Николе – по 6
• Ресен и Неготино по 5
• Битола 4
• Гевгелија, Берово и Македонски Брод по 3
• Куманово, Валандово и Пробиштип по 2
• Виница, Дебар, Богданци и Пехчево по 1

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: 2 од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67-93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.274.003 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.551 бројката на оздравени пациенти е 170.734, на починати е 6.577, а бројот на активни случаи изнесува 12.240.