Skip to main content

Уште една млада пациентка ќе добие бубрег

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека денеска во раните утрински часови започнале координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор.

 |   | 

Во текот на вчерашниот ден, посочува министерот, болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.

Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег. Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива. Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена – напиша Филипче.