Skip to main content

Автобус полн со работници се преврте кај Битола

Утрово се преврте автобус со кој се превезувале работници од „Кромберг и Шуберт“ од индустриската зона Жабени кај Битола. Од МВР соопштија дека се повредени неколку лица.

 |   | 

Утрово се преврте автобус, со кој се превезувале работници од „Кромберг и Шуберт“ од индустриската зона Жабени кај Битола. Од МВР соопштија дека се повредени неколку лица.

Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР за Курир.

Полициски екипи на лице место извршиле увид.