Skip to main content

Над 2300 граѓани вакцинирани со трета доза

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 20 октомври против Ковид-19 вакцинирани се вкупно 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани.

 |   | 

Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 20 октомври против Ковид-19 вакцинирани се вкупно 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Пред неколку денови Националниот комитет за имунизација препорача граѓаните кои се вакцинирани со „Синовак“ и „Синофарм“, да може да примат трета доза Фајзер три месеци по вакцинирањето.