Skip to main content

45-годишна жена загина во сообраќајката кај Тетово

45-годишната Ф.Л. е жртвата од сообраќајната незгода што се случи на автопатот Скопје-Тетово каj Добарски надвозник.

 |   | 

 

45 годишната Ф.Л. од тетовското село Доброште загина во сообраќајната несреќа која претпладнево се случи на автопатот Скопје–Тетово. Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај местото Еребино.

Жената управувала џип Тојота Рав со американски регистарски ознаки и сама била во возилото. Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од коловозот.

На местото на несреќата увид прави Јавен обвинител, а учествува и тетовска полиција.