Skip to main content

17 отсто од починатите од Ковид-19 биле вакцинирани

Во период од 06 август заклучно со 21 октомври на територија на државата 42.945 граѓани биле позитивни на Ковид- 19, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.

 |   | 
Ковид 19

Во период од 06 август заклучно со 21 октомври на територија на државата 42.945 граѓани биле позитивни на Ковид- 19, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Според нив голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.

Според статистиката за изминатиов период 31.692 граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид -19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во посочениот период на територијата на државата починале 1506 лица со Ковид- 19, 1246 пациенти, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање во државата, информираат од Министерството за здравство.