Skip to main content

Две лица загинаа во сообраќајка кај Свети Николе

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила рано изутринава кај Горобинци, Свети Николе, откако автомобил излетал од патот.

 |   | 
полициска лента

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила рано изутринава кај Горобинци, Свети Николе, откако автомобил излетал од патот.

На 24.11.2021 околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе – велат од МВР.