Прва македонска астрономска опсерваторија на Плачковица
Првата македонска астрономска опсерваторија во која професионалци ќе работат 24 часа, ќе се наоѓа на Плачковица. Тука во срцето на планината, во непосредна близина на познатото детско одморалиште со кое стопанисува државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, планирана е локацијата на два милиони вредната инвестиција.
| Маја Савиќ | Македонија
опсерваторија
Првата македонска астрономска опсерваторија во која професионалци ќе работат 24 часа, ќе се наоѓа на Плачковица. Тука во срцето на планината, во непосредна близина на познатото детско одморалиште со кое стопанисува државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, планирана е локацијата на два милиони вредната инвестиција.
Опсерваторијата од која македонските астрономи и астрофизичари будно ќе ја следат секоја промена во динамичниот универзум, според експертите ќе е на идеално место. Небото над Плачковица две третини во годината е чисто и перфектно за работа.
Сега се чека зелено светло на Владата за пуштање пари.
Само телескопот кој ќе биде вграден вреди половина милион евра. Плановите за опсерваторијата го изработи научен тим од штипскиот универзитет.
Најоптимистичките прогнози за профункционирање на четвртата астрономска опсерваторија на Балканот, по оние во Србија, Бугарија и Грција е по една година.
{loadposition content9}