Skip to main content

Метју Нимиц претстави нови идеи за надминување на спорот со името

Медијаторот на ОН Метју Нимиц на денешната нова рунда македонско-грчки разговори со амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василакис, предложил нови идеи за рeшавање на спорот во врска со името на Македонија.

Медијаторот на ОН Метју Нимиц на денешната нова рунда македонско-грчки разговори со амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василакис, предложил нови идеи за рeшавање на спорот во врска со името на Македонија.

По двочасовната средба со двете делегации, Нимиц изјави дека претставил „нови идеи, кои содржат нови елементи и во кои се вклучени идеите дадени од двете страни“.
Нимиц најави и дека подоцна во текот на денов ќе има одвоени средби со двајцата преговарачи и ќе очекува првични одговори на предлозите од неговите соговорници.

Тој рече дека следната рунда преговори ќе се одржи за неколку недели, додавајќи дека не зависи од него дали шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција ќе одржат средба за ова прашање.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Бренден Варма во писмена изјава информира дека на разговорите станало збор за сите елементи на спорот, кои се однесуваат на името, неговата употреба и прашањето на идентитетот.

„Нимиц презентираше некои ревидирани идеи, базирани на претходните предлози. Идеите се ревидирани врз основа на одговорите добиени за време на последната посета на регионот. Нимиц побара од двете страни да ги разгледаат идеите во пакет“, се вели во соопштението.

Тој нагласува дека Нимиц верува оти постои можност за „фер и чесно решение базирани на препораките на двете страни“.
Во состав на македонската делегација на разговорите е и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски.