Skip to main content

Пролеттна генералка

Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина.

 |  Татјана Маленкова  | 
den na proletta
ден на пролетта

den na prolettaВо првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова е последен пат да се расчитува крајбрежјето на сметка на локалната самоуправа.

den na proletta„ Акцијата ја насочивме кон симболично чистење на крајбрежјето за тие кои стопанисуваат со езерото и ги издаваат плажите под концесија. Мислиме дека со ова треба да се сетат дека плажите треба да се одржуваат 365 дена, бидејќи туризам немаме само во летниот период. Туристите сакаат да прошетаат и напролет и наесен и назима по плажите и апелираме годинава да воспостави систем на одржување на плажите. Годинава нема да толерираме туку ќе ги активираме и инспекциските служби“, вели директор ЈП Охридски Комуналец,Сашо Алче.

Во денешните еколошки акции се вклучија и советниците.  Претседателот на советот Душко Јаковчески беше дел од тимот кој засадуваше садници на Туристичка.  Тој истакна дека охридскиот совет тежнеел и ќе тежнее во Охрид да има што повеќе зелени површини.

Денеска, на првиот ден од пролетта, вообичаено, најмногу му се израдуваа најмладите. За жал, поради студеното врем, не бевме во можност да ја видиме нивната креативноста во костимите, со кои симболично на градскиот плоштад го дочекуваат најубавото годишно време.

{loadposition content9}