Skip to main content

Збогум на „дивите“ чекачи

Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот.

 |  Валентина Нелоска  | 
varosh
варош

Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри  се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид,  во Пешатани, а преостанатите три  кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа.

Сега сите понуди на туристичките субјекти ќе им бидат достапни на туристите по електронски пат на допир, вели Илиески. „Започнато е со ажурирање на податоци од сите заинтерсирани субјекти од областа на туризмот почнувајќиод хотелите, рестораните приватното сместување,продажба на сувенири“, информира Илиески. Иако многумина се сомневаа во оваа инвестиција на Локалната самоуправа, таа е проверен начин за  промоција на туристичките дестинации во светот. Овој проект ќе биде почеток во елиминирање на грдата слика за нашиот туризам во однос на дивите чекачи  на гости. „На самиот почеток таков ефект сигурно ќе нема, потребно е време да се стекне навика  за користење на современата  информатичка технологија. Ќе има поширока медиумска кампања за нивната употреба и ефектите при решавање на проблемот на гостите кои доаѓаат во градот за да не бидат влечени за рака по Туристичка или на Автобуската станица, напоменува Илиески.

 Локалната самоупорава за овој современ начин во промоција на туристичка понуда на градот има издвоено 1,5 милиони денари.

{loadposition content9}