Skip to main content

Раководството на O.K на ВМРО-ДПМНЕ, на средба со новинарите

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од градов и координаторот на советничката група од оваа партија, на прес средба со новинарите.

 |  Крсте Голабовски  | 
press
прес

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од градов и координаторот на советничката група од оваа партија, на прес средба со новинарите.

Овој пат, одговараа на новинарски прашања за актуелни теми. На прашањето за тоа колку пратеничките канцеларии, кои имаа за цел директна и непосредна комуникација со гласачкото тело, ја оправдаа својата функција, претседателот на ОК, Атанаско Михаилов, со став дека, тет-а-тет средбите на граѓаните со пратениците, сепак зависат од нивната ангажираност и можност да дојдат во Охрид. Михаилов додава дека пратеничките канцеларии се покажаа како успешен проект.

Пробелемите од сферата на урбанизмот, повторно тема и на денешниот прес. Од партијата остануваат на став дека општината мора да учествува во изградбата на Светиклиментовиот комплекс на Плаошник. Што се однесува до урбаната деградација на градот, Од ОК со став дека ќе ги ангажираат сите легални законски инструменти во борбата, Охрид да не прерасне во бетонски ѕид, односно да престане понатамошната изградба во неговото централно градско јадро.  Координаторот на советничката група од оваа партија, Дејан Паноски го посочи проблемот со растечкиот недостаток на паркинг простори, посебно кај новоизградените објекти. Паноски додава ваквата состојба е резултат на невниманието на советниците при изгласувањето на ЛПУД- ии.

Раководоството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ со изграден став и околу неодамнешната критикувана акција, кога се додели социјална помош, односно кога на центарот за Социјални работи му беше доделена брендирана роба одземена од Царината заради нелегални постапки. Михаилов со обајснување дека, со одлука на Владата, доколку постојат оправдани економски причини истата може да се подари онаму каде е потребно. Во врска се поизвесните предвремени парламентарни избори и политичките амбиции во партијата, информираа дека калкулации нема да има, а кој до каде ке стигне со своите внатрепартиски амбиции и аспирации, зависи само од партијата.

{loadposition content9}