Skip to main content

Денес е светскиот ден на метеоролозите

Oваа година тој се одбележува под мотото: „Клима за вас“.

 |  Крсте Голабовски  | 
meteorologija
Метеорологија

Светскиот ден на Метеорологијата, оваа година се одбележува под мотото: „Клима за вас“. Aктивностите на Светската метеоролошка организација се насочени кон една клучна цел – до 2019 година да се преполови бројот на смртни случаи предизвикани од катастрофи со метеоролошко и хидролошко потекло.

Во одредени случаи на временски или климатски непогоди, коишто сочинуваат приближно 90% од сите природни катастрофи, програмите на СМО обезбедуваат значајни информации за предвремено предупредување со што се намалуваат човечки жртви, материјални штети и се заштитува животната средина. Од година во година, точноста во известувањето на метеоролошките станици станува се поголема.

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Мишел Жаро изјави дека годината која е зад нас, била една од најтоплите, што го потврдува долгорочниот тренд на затоплување. Жаро нагласи дека активностите на организацијата се насочени кон една клучна цел – до 2019 година да се преполови бројот на смртни случаи предизвикани од катастрофи со метеоролошко и хидролошко потекло, а до 2015 година да се искорени екстремната сиромаштија и гладот.

Светската матеоролошка организација или СМО е меѓувладина организација во која членуваат 188 држави членки и територии. Организацијата произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија која била основана во 1873 година. Игра главна улога во известување за состојбата и однесувањето на Земјината атмосфера, нејзината интеракција со океаните, климатските промени и дистрибуција на ресурси на вода. Бидејќи времето, климата и водениот циклус не познаваат национални граници, меѓународната соработка во светски рамки е суштествена за развојот и успешната примена на метеорологијата и оперативната хидрологија..

СМО ја промовира соработката за воспоставување на мрежи за метеоролошки, климатски, хидролошки и геофизички опсервации, непречена размена, обработка и стандардизација на податоци како и за технолошки трансфер, обука и истражување. Таа ја поттикнува соработката меѓу Националните Метеоролошки и Хидрометеоролошки служби на своите членки како и примената на метеорологијата во јавните временски служби, земјоделието, авијацијата, транспортот, заштита на животната средина прашања поврзани со водата и ублажување на последиците од природните катастрофи, а ја олеснува и слободната и непречена размена на податоци и информации.

{loadposition content9}