Skip to main content

Охридски „ЕМО„ зеде кредит од 5,1 милиони евра

Загубарот „ЕМО“ од Охрид и „Комерцијална Банка“ АД Скопје склучија договор за рамковен револвинг кредит лимит во износ 5,1 милиони евра за потребите од тековно финансирање на започнатите проекти, за издавање на гаранции, акредитиви итн.

 |   | 
emo
emo
EmoЗагубарот „ЕМО“ од Охрид и „Комерцијална Банка“ АД Скопје склучија договор за рамковен револвинг кредит лимит во износ 5,1 милиони евра за потребите од тековно финансирање на започнатите проекти, за издавање на гаранции, акредитиви итн.

Врз основа на овој договор се воспостави и заложно право-хипотека од прв и втор ред врз објектите на „ЕМО“.

Охридскиот загубар „ЕМО“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година објави нето загуба од 234 милиони денари, додека загубата во 2009 година изнесуваше 337 милиони денари.

Неодамна компанијата која со години работи со загуба доби нов директор. Акционерите го разрешија директорот Коста Димитров, а за нов извршен член на Одборот на директори и генерален директор е избран Зоран Трајчевски.

Трајчевски беше предложен од страна на Владата, која како претставник на државата е најголем акционер во компанијата со 41,6 отсто од акциите со право на глас.

Предлогот за избор на Трајчевски беше поддржан и од државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија кој во „ЕМО“ поседува 22 отсто од акциите со право на глас.

{loadposition content9}